Останато

Алексовски на убедлив начин стигна до победничкиот пехар во Битола

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски триумфираше на турнирот Битола Опен за тенисери и тенисерки до 14 година, што изминатиов викенд заврши во Битола. Турнирот беше од трета категорија, а победникот до триумфот стигна на убедлив начин. Алексовски во првите три меча загуби само по еден гем, а во финалето и поелуфинале на ривалите и препушти по четири гема или вкупно на турнирот во пет меч загуби само 11 гема.

Во финалето Марко го совлада Николај Потер од Србија со 2-0 во сетови (61 63), додека во полуфиналето беше подобар од Петар Травица од Србија со 2-0 (64 60). Во четвртфиналиот меч беше пдобар од Стелијан Даракев од Бугарија со 2-0 (61 60), а претходно ги победи Ѓорѓе Адамовиќ (Србија) 2-0 во сетови (60 61) и Петрос Бицакос од Грција 2-0 (61 60).

Турнирот кај момчињата мина во знак на македонските тенисери бидејќи турнирска победа во конкуренција на двојки изборија Марин Стефановски и Иван Трповски. Тие во финалето ја победија македонско-германската комбинација Марко Алексовски – Максимилијан Хајцик со 2-0 во сетови (76(5) 63).

Оваа недела се одржува уште еден турнир во Македонија за тенисери и тенисерки на возраст до 14 години – МТП Опен 2025.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!