Ракомет

Охрид повторно домаќин на Ф4 – Пецаков: Чест е да бидеме дел од најдобрите четири!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Градот Охрид повторно е центарот на македонскиот ракомет. Во четири години, охриѓани по вторпат ја добиваат честа да бидат домаќини на завршниот турнир од Купот на Македонија, а овојпат – на задоволство на локалната публика – меѓу најдобрите четири е и ГРК Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на официјалното претставување на турнирот истакна дека организирањето на еден ваков настан е голема чест за градот и ракометниот клуб.

„За нас како град, ова е втор фајнал-фор во организација во последните четири години. За разлика од претходниот пат, сега и ГРК Охрид е дел од најдобрите четири екипи во Купот на Македонија. Се надевам дека и како организатори и како домаќини ќе бидеме на висина на задачата, и дека и во иднина ќе ја зграпчиме секоја можност повторно да бидеме домаќини на фајнл-фор“, рече Пецаков.

На финалниот турнир во Охрид ќе настапат екипите на ГРК Охрид, РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар и РК Алкалоид, кои со години наназад го сочинуваат врвот на македонскиот машки ракомет.

„Ова е четворка која во последните неколку години ја сочинува елитата на македонското ракометно првенство. Јас лично посакувам фер и спортска игра, многу среќа – и, секако, нека победи подобриот“, додаде Пецаков.

Очекувањата се високи, а охридската публика повторно ќе има можност да ужива во врвен ракометен спектакл.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од 25 до 27 септември 2026 година се одржа претсезонскиот Семинар за...

Ракомет

Богданци се простува од Борис Поп-Глигоров, човекот кој беше меѓу основачите на РК Младост и ЖРК Млаз

Спортот во Богданци остана без еден од луѓето кои оставиле длабока трага во неговиот развој. Борис Поп-Глигоров почина, оставајќи зад себе спомен и...

Поврзани написи
Ракомет

Богданци се простува од Борис Поп-Глигоров, човекот кој беше меѓу основачите на РК Младост и ЖРК Млаз

Спортот во Богданци остана без еден од луѓето кои оставиле длабока трага...

Ракомет

Нова европска задача за браќата Илиевски!

Ново европско задолжение за македонскиот судиски тандем Методија и Михајло Илиевски. Браќата...

Ракомет

Ла Риоха го шокира Пелистер во Битола

Еурофарм Пелистер не успеа со позитивен резултат да ја започне европската сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!