Трета лигаФудбал

Борис Бимбилоски: Кога сонот станува реалност, клубот кој е длабоко врежан во моето срце!

Сподели
Сподели

Третолигашот Света Троица 2021 од Охрид беше дебитант во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, сезоната ја заврши на деветтото место со 22 бодови на своето конто, а клубот за новата сезона ќе крои планови за подобар пласман и поголеми успеси.

Дебитантот од Охрид зад себе има успешна сезона, а за следната сезона ќе добие и свој терен кој е лоциран кај поранешната касарна во Охрид, што е потврда дека клубот размислува на долгорочна основа.

Тренерот на клубот, Борис Бимбилоски најавува дека следната сезона ќе одат посилно!

„Кога сонот станува реалност, клубот кој е длабоко врежан во моето срце. Ви благодарам дечки за се, следната сезона одиме посилно“, рече Бимбилоски.

Света Троица 2021 во сезоната која заврши имаше учинок од пет победи, седум ремија и девет порази.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер ќе го предизвикува шампионот Скопје, Тиверија Брера го пречекува Истатов, „рударките“ големи фаворити за трите бодови

Осмото коло на Првата женска фудбалска лига носи натпревари со изразити фаворити, но и натпревар каде ќе се бара враќање на победнички патеки,...

Ракомет

Бојаниќ пред Мулти Есенс: Ако одиграме паметно и го дадеме максимумот, можеме да направиме добар резултат!

Младост в сабота ќе игра важен меч во рамките на 5. коло во Автокоманда, дуел против Мулти Есенс, каде тимот од Богданци ќе...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Контролни натпревари: Струга Трим Лум и Новаци ремизираа, Шкендија убедлива против Камјани

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одигрување на пријателски натпревари со цел...

Фудбал

„Како може да се организира општинска лига преку ОФС Охрид, ако ОФС Охрид е суспендиран од ФФМ?“

Серија прашања во врска со организацијата на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Охрид...

Прва лигаФудбал

Иван Варадиновски е нов тренер на Скопје, Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ помошници

Прволигашот Скопје има нов шеф на стручниот штаб, откако штипскиот стратег Иван...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!