Останато

Лина Ѓорческа во полуфинале на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот што се одржува во Куршумлијска Бања, Србија. Во денешното четвртфинале, Ѓорческа ја совлада Анастасија Золотарева од Русија со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-4), по два часа и 10 минути борба.

Мечот започна одлично за македонската тенисерка, која поведе со 3:0 во првиот сет. Сепак, Золотарева направи целосен пресврт и до крајот ѝ дозволи на Ѓорческа да освои само еден гем, добивајќи го сетот со 6:4.
Во вториот сет, по раното водство на противничката од 1:0, Ѓорческа влезе во одличен ритам и со серија од шест добиени гема го изедначи резултатот на 1-1 во сетови, славејќи со 6:2.

Во решавачкиот трет сет се водеше голема борба. Ѓорческа имаше предност од 4:3, потоа зголеми на 5:3, и со сигурна игра го приведе сетот до крај со резултат 6:4, осигурувајќи си место меѓу четирите најдобри на турнирот.

Утре, во 10:00 часот на теренот „Виктор Троицки“, Ѓорческа ќе се соочи со Жибек Куламбајева од Казахстан.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

 

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац, стигна до втора победа во групата, откако вечерва со 2:0...

Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го заврши настапот во поединечна конкуренција со пораз. Митевска попладнево беше совладана...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го...

Останато

Ален Рустемовски со бронза од Таранто, судиите го спречија патот до финалето!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се враќа дома со бронзен медал од Медитеранските...

Останато

Ново засилување за Пелистер Волеј – пристигна талентирана одбојкарка од Турција

Пелистер Волеј продолжува да го засилува својот младински состав, а во клубот...

Останато

Надица Антеска е првото засилување за Газели волеј

Газели го промовираа првото ново засилување за сезоната 2026/27. Нов член на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!