Прва лигаФудбал

Силекс се засилува за Европа: Пристигнуваат Говедарица и Пиреш и браќата Џеков со нови договори!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Фудбалскиот клуб Силекс од Кратово сериозно се подготвува за настапите во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, како и за претстојните квалификации за Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Кратово веќе започна со засилувања, ангажирајќи двајца интернационалци и продолжувајќи соработка со двајца стандардни првотимци.

Најново засилување за Силекс е 31-годишниот босански интернационалец Миљан Говедарица, кој настапува на левото крило. Тој пристигнува од редовите на ФК Славија Сараево и се очекува да донесе свежина и искуство во офанзивната линија на кратовчани.

Покрај него, нов член на тимот е и 28-годишниот португалски фудбалер Мигуел Пиреш, кој игра во средниот ред. Пиреш доаѓа од кипарскиот клуб Дигенис Акритас Морфу и со својата интернационална кариера се очекува да даде значаен придонес во контрола на играта на средината од теренот.

Клубот ја официјализира и веста дека браќата Љупче и Ѓорѓе Џеков ќе останат дел од Силекс. Двајцата ставија потпис на нов четиригодишен професионален договор, потврдувајќи ја вербата на клубот во домашните фудбалери. Љупче Џеков, кој брани на голот, беше стартер на 34 натпревари во Првата лига, додека неговиот брат Ѓорѓе запиша 27 настапи.

Со овие потези, Силекс демонстрира јасна амбиција – создавање на стабилен и конкурентен состав што ќе биде подготвен за домашните предизвици за следната сезона но и за одлично претставување во Европа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни натпревари, кои ќе понудат неизвесности и многу погодоци. Во продолжение комплетната...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако пукна „петарда“ славејќи со 5:0 над...

Поврзани написи
Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Мирна глава, сигурни раце – дојдов во средина што знае што сака“ – Антонио Столевски

Еден од најперспективните млади македонски голмани, Антонио Столевски, ја започнува новата страница...

Прва лигаФудбал

Божиновски: Со оглед на условите во последните кола, задоволен сум од прикажаното

Тимот на Македонија ЃП со високи амбиции ја стартуваше оваа сезона во...

Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!