Ракомет

ФОТО: Ѓорче Петров е во финалето откако убедливо славеше над Вардар!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ѓорче Петров е во големото финале откако со 39:18 го совлада тимот на Вардар во првиот полуфинален меч и сега ќе го чека победникот од вториот полуфинале меч меѓу Чаир и Металург Автокоманда.

Екипата на Ѓорче Петров која беше во улога на фаворит на првиот полуфинален меч од Ф4 турнирот кој се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш одлично го отвори натпреварот против Вардар и беше со предност од три до четири погодоци, а предност во финишот на првиот дел се зголемуваше и дојде до седум на полувреме.

Ѓорче Петров постојано имаше водство и воопшто Вардар не дојде до ситуација да може да дојде до ситуација да има резултатска предност.

ФОТО: Спортска Мрежа

На полувреме „лавиците“ имаат предност од 19:12 и практично веќе го решија натпреварот со тоа што имаат сериозна предност која според играта на Вардар од првиот дел беше недостижно да се стигне.

Во вториот дел Ѓорче Петров тргна фуриозно и го полнеше голот на Вардар и така „лавиците“ стигнаа до својата цел – влез во големото финале откако славеше со убедливи 39:18.

ФОТО: Спортска Мрежа

За „лавиците“ најпрецизни беа Ана Марија Коларовска со шест гола, а по пет гола имаа Ивана Дежиќ и Ана Вранчиќ, кај Вардар шест гола имаше Леона Миленкоска.

Вториот полуфинален меч меѓу Чаир и Металург Автокоманда ќе започне во 19:30 часот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Смилковски: Не отстапуваме од целите за висок пласман

Шефот на стручниот штаб на ТФТ, Боро Смилковски, е задоволен од работата на екипата во подготвителниот период, во кој тимот одигра десет контролни...

Кошарка

Спасев: Лигата ќе биде изедначена, секој натпревар ќе биде важен

Новата кошаркарска сезона во Македонија стартува претстојниот викенд, со што и официјално се враќаат возбудувањата на терените во „МТЕЛ“ Супер лигата. Пред почетокот...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на...

Ракомет

Мате пред дербито со Вардар: „Очекувам тежок меч, но одиме по два бода!“

ГРК Охрид го очекува нов голем предизвик во Супер лигата, а во...

Ракомет

Вардар и Охрид повторно еден против друг, билетите веќе во продажба!

Нов голем ракометен дуел е закажан во Супер лигата, каде што Вардар...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!