Турнири

Пријавите се во тек за Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа

Сподели
Сподели

Во Лабуништа оваа година првпат ќе се одржи Меморијален турнир во мал фудбал, во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски. Овој спортски настан, кој носи исклучително емоционално и локално значење, ќе биде организиран од Шабан Кормакоски и Амир Јускоски.

Пријавувањето за турнирот е отворено до 13 јуни 2025 година, додека извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 јуни. Натпреварите ќе започнат на 15 јуни. Секоја екипа ќе треба да уплати котизација во износ од 7.000 денари за учество.

Турнирот ќе се одигра според класичните правила за мал фудбал, а организацискиот одбор ќе биде задолжен за спроведување на пропозициите и регуларноста на натпреварите. За најуспешните екипи и индивидуалци се предвидени вредни награди:

Прво место: медали и парична награда од 2.000 евра
Второ место: медали и парична награда од 700 евра
Трето место: медали и парична награда од 300 евра

За најдобриот голгетер и најдобриот голман е предвидено доделување на медал. Пријавување на екипа можете да направи на телефонскиот број 075 388 559.

Овој меморијален турнир не само што претставува спортска манифестација, туку и начин да се оддаде почит на луѓе кои оставиле длабока трага во општествениот живот на Лабуништа. Очекувањата се дека турнирот ќе стане традиционален, обединувајќи ја локалната заедница преку спорт и сеќавање.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!