Турнири

(ФОТО) „Враништа 2025“: Инекс Олгица со „петарда“, Студио 13 во полуфинале после тесна победа!

Сподели
Сподели

Фудбалските возбудувања на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ продолжија со првата вечер од четвртфиналната фаза, каде беа одиграни две возбудливи пресметки.

Кафе Бар 9 и Студио 13 одиграа цврст и израмнет натпревар, но повторно тимот на Студио 13 покажа зрелост и цврстина кога е најпотребно, славејќи со резултат 2:1 и обезбедувајќи место меѓу четирите најдобри.

Во вториот четвртфинален дуел, Инекс Олгица демонстрираше сила и офанзивна моќ, убедливо совладувајќи ја екипата на Станица и Викса Пром со резултат 5:2. Тимот од Охрид со оваа победа уверливо најави сериозни амбиции за пласман во финалето.

Со овие натпревари, познати два полуфиналисти, а утре ќе бидат познати останатите два полуфиналисти, а турнирот влегува во самата завршница каде се очекуваат вистински фудбалски спектакли!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на „Враништа 2025“.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!