РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ремизираше без погодоци на првата контролна средба со Косово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено без погодоци против квалитетна селекција на Косово во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на стадионот „Фадил Вокри”, во Приштина.

Натпреварот беше неизвесен во текот на сите 90 минути, со многу борба, трчање и тактичко надмудрување. Двете репрезентации имаа свои добри моменти на оваа средба, пропуштајќи неколку солидни прилики за погодок.

Димитар Трајков во 36. минута се најде во одлична можност, но неговиот удар со глава беше непрецизен. Меметриза Хамза во 44. минута се закани по голот на Косово со удар од далечина, но домашниот голман беше на висина на задачата и добро интервенираше.

Во продолжението од средбата, Димитар Трајков во 62.минута ја имаше најдобрата прилика за Македонија. Адриан Зенделовски во 80. минута се најде до добра ситуација, но неговиот удар беше изблокиран од противничката одбрана. Во 82. минута, и Анес Мелиќи со глава се закани по голот на Косово, но беше непрецизен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!