Турнири

Започна нокаут фазата на „Враништа 2025“ – Кафе Бар 9 со изненадување, Аце Најдески и Студио 13 сигурни!

Сподели
Сподели

Со три возбудливи дуели започна елиминацискиот дел од турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“. Публиката во голем број ги исполни трибините, а играчите возвратија со одлична игра, пожртвуваност и многу емоции на теренот.

Во првиот натпревар од вечерта, фаворизираната екипа на Аце Најдески ја оправда улогата и со сигурни 4:1 го совлада тимот на Јован 2014, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето.

Вториот дуел донесе вистинска драма – Студио 13 и Виена Комерц одиграа неизвесен меч, кој на крај заврши со победа за Студио 13 од 3:2, по борба до последен момент.

Најголемото изненадување вечерва го приреди Кафе Бар 9, кој во последниот меч успеа да ја елиминира силната екипа на Би-Зи Груп со резултат 3:1, иако многумина не им даваа предност пред натпреварот.

Утре (26 мај) на програмата ќе бидат нови три осминафинални натпревари:

  • Инекс Олгица – Кафе Линди (20:00)

  • Бел Мерцедес – Том Гор (21:00)

  • Гостилница Кај Мече – Станица и Викса Пром (22:00)

Поддршката од трибините е сè погласна, а патот до трофејот станува сè потесен. Љубителите на фудбалот и понатаму се повикани да бидат дел од оваа спортска приказна во Враништа! Спортска Мрежа е медиумски покровител.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!