Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига во сезона 2025/2026?

Сподели
ФОТО: KF Shkëndija
Сподели

Во новата сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат 12 екипи, а од сезона 2026/2027 ќе бидат десет екипи, односно ќе има кратење на лигата.

Дополнително ќе биде познато колку екипи директно ќе испаднат од Прва во Втора лига и дали ќе има баражи за опстанок.

Познати се сите екипи кои ќе настапуваат во Првата фудбалска лига за следната сезона.

Тоа се Шкендија, Силекс, Работнички, Струга Трим Лум, Вардар, Пелистер, Шкупи, Тиквеш, Брера Струмица, Македонија ЃП, Арсими и Башкими.

Македонија ЃП како шампион на Втора лига експресно се врати во Прва лига, Арсими е дебитант и за првпат ќе игра во елитата, а пак Башкими после долги години се враќа во Првата лига.

Територијално низ градови Прва лига во следната сезона ќе се гледа во Тетово, Кратово, Скопје, Струга, Битола, Кавадарци, Струмица, Гостивар (каде што ќе игра Арсими кој е од Чегране) и Куманово.

/ Екипа
1 Шкендија
2 Силекс
3 Работнички
4 Струга Трим Лум
5 Вардар
6 Пелистер
7 Шкупи
8 Тиквеш
9 Брера Струмица
10 Македонија ЃП
11 Арсими
12 Башкими

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!