ФудбалЧетврта лига

Се „разгорува“ битката за првото место во ОФЛ Липково: Дерби на Отља против Матејче

Сподели
Сподели

Директна дерби пресметка за првото место во Општинската фудбалска лига во Липково, Отља против Матејче.

Овие две екипи ја продолжуваат борбата за тоа кој да биде прв во ОФЛ Липково на две кола до крајот. Екипата на Отља е на првото место со 36 бодови, а толку има и Матејче. Двете екипи имаат идентичен учинок од 12 победни и едно реми.

Екипата на Отља има 47 постигнати погодоци, а примени 17, додека пак Матејче има напад кој реализирал 37 погодоци, а примил 15 погодоци.

Големото дерби од 14. коло на ОФЛ Липково ќе се игра на стадионот Башкими во Куманово, во понеделник од 17 часот.

Главен судија на натпреварот ќе биде Валтон Маличи, а ќе му помагаат Фуркан Фетаху и Еркан Алиу, додека пак четврт судија ќе биде Аки Шукрија. За делегат на натпреварот е делегиран Рашит Јаија.


14-тата рунда беше отворена вчера со мечот меѓу Ваксинца и Ликова каде домашниот тим со 3:0 беше подобар. Сите три гола беа постигнати во вториот дел, а двапати стрелаше Агон Рушити, додека пак една погоди Арбин Ферати.

Денес, Влазними од Оризари ќе игра со Опае, а овој меч ќе започне во 11 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!