ФудбалЧетврта лига

Финале во ОФЛ Куманово: Победа и Лопате во битка за шампионската титула!

Сподели
Сподели

Во недела, на 25 мај, ќе се одигра големото финале од плеј-офот во Општинската фудбалска лига на Куманово, каде ќе се сретнат екипите на Победа од Тромеѓа и Лопате.

Двете екипи обезбедија пласман во финалето по убедливи настапи во полуфиналните натпревари, кои се одиграа на теренот во Агино Село – локација каде ќе се игра и финалниот дуел. Технички организатор на натпреварот е ФК Македонија Агино Село.

Победа во полуфиналето славеше со 2:0 против Јуниор од Доброшане, додека Лопате беше убедлив со високи 8:1 против Четирце.

Фудбалскиот терен во Агино Село важи за еден од најдобрите терени во регионот, постојано е во одлична состојба и пример за одржување, а за тоа Спортска Мрежа веќе неколку пати има информирано.

Организаторот најавува вистински фудбалски празник – заедничко навивање со скара, пиво и добро друштво. Атмосферата ќе започне да се загрева од 15 часот, а почетокот на натпреварот е закажан за 16:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!