Младински фудбалФудбал

Помладите пионери на Македонија ЃП триумфираа во финалето на Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Помладите пионери на ФК Македонија Ѓорче Петров се новите победници на Купот на Македонија, откако денеска на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, извојуваа заслужена победа над Работнички со 3:1, во финален натпревар исполнет со многу возбудувања.

Лавовите поведоа во 21. минута преку Стефан Ристиќ, кој со прецизен удар ја отвори серијата голови. Само пет минути подоцна, Ристиќ повторно ја затресе мрежата и со вториот погодок донесе значајна предност од 2:0 за Македонија Ѓ.П.

Работнички не се предаде и до крајот на првото полувреме успеа да намали на 2:1. Алек Трпковски беше прецизен во 43. минута и му даде надеж на својот тим за враќање во мечот.

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, но конечната одлука падна во 77. минута, кога Лука Кнежевиќ го постигна третиот погодок за Македонија Ѓ.П. и ја потврди победата и освојувањето на трофејот.

Со оваа победа, младите фудбалери од Ѓорче Петров ја потврдија својата доминација и напредок во младинските категории, а триумфот во Купот е голема награда за нивната работа и посветеност.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!