Младински фудбалФудбал

Академија Осогово од Крива Паланка шампион во Трета пионерска лига, во финалето славеше над Куманова Милано

Сподели
Сподели

Академија Осогово од Крива Паланка е шампион во Третата пионерска лига на Македонија, откако во големото финале за апсолутен шампион славеше над екипата на Куманова Милано со минимални 1:0.

Натпреварот го реши Марио Младеновски откако неговиот гол беше единствен и клучен за победа на Академија Осогово од минимални 1:0.

Академија Осогово од Крива Паланка претходно стана шампион во Третата пионерска А-лига, откако сезоната ја заврши на првото место со освоени 45 бодови. Тимот, предводен од младиот и амбициозен тренер Михаил Павловски, се истакна со најдобра одбрана во лигата, примајќи само 25 погодоци, како и со трет најдобар напад со вкупно 61 постигнат гол.

Иако ист број бодови има и второпласираниот Вардар Неготино, екипата од Крива Паланка го освои првото место благодарение на подобриот меѓусебен биланс.

Најдобар стрелец во редовите на Академија Осогово е Михаил Гоговски, кој постигна 19 погодоци. Со тоа тој се најде на третото место на листата на најдобри стрелци во лигата, зад Петар Смилков од Вардар Неготино со импресивни 40 голови и Бојан Колишев од Слога Виница, кој заврши со 21 погодок.

Во Третата пионерска Б-лига, шампион е екипата на Куманово Милано, па во големото финале овие две екипи се соочија за апсолутен шампион во Третата пионерска лига на Македонија, а подобра екипа во финалето беше Академија Осогово.


Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски им го честираше големиот успех на младите фудбалски таленти од Крива Паланка.

„Академија Осогово е државен првак во категорија пионери! Младите јунаци од Крива Паланка уште еднаш покажаа дека трудот, талентот и посветеноста водат до највисокото место на пиедесталот. Ова не е само победа во спортот – ова е победа за нашата општина, за нашиот дух, за иднината на македонскиот фудбал! Гордоста е огромна, а благодарноста оди до сите тренери, родители и поддржувачи што стојат зад оваа златна генерација“, рече градоначалникот Митовски.

Ова е голем успех за Академија Осогово, потврда дека со правилна работа успесите се загарантирани, а пред овие млади фудбалери ќе има блескава иднина.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари....

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија,...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!