Младински фудбалФудбал

Успешно заокружена сезоната 2024/2025 од ФФМ Детската лига – Централен регион

Сподели
Сподели

Сезоната 2024/2025 од ФФМ Детската фудбалска лига – Централен регион се приближува до својот крај, обележана со одлична организација, многу голови и фудбалска возбуда. Сезоната ќе биде целосно комплетирана наредниот викенд, кога ќе се одиграат натпреварите од генерациите 2012 и 2013 во рамки на завршниот турнир во Гевгелија (Група Б).

Групата А веќе е целосно комплетирана, а минатиот викенд во Свети Николе се одиграа завршните турнири за сите шест генерации. ФК Овче Поле беше домаќин на овие натпревари.

Пласман по генерации во Група А:

  • 2012: Брегалница – шампион

  • 2013: Тиквеш – шампион

  • 2014 Брегалница – шампион

  • 2015: Брегалница – шампион

  • 2016: Овче Поле – шампион

  • 2017: Брегалница – шампион

Со овие победи, шампионите обезбедија пласман на финалниот турнир кој ќе се одржи во Скопје.

Во рамки на Група Б, дел од натпреварите веќе се одиграа. Во Валандово се одржаа турнирите за генерациите 2015 и 2017. Таму:

  • 2015: Брера Струмица шампион

  • 2017: Азури од Радовиш шампион

Во Струмица се одиграа натпреварите за генерациите 2014 и 2016:

  • 2014: Брера Струмица – шампион

  • 2016: Детонит Плачковица – шампион

Групата А ќе се комплетира овој викенд со натпреварите од генерација 2012 и 2013, а натпреварите ќе се одиграат во Гевгелија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!