Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Големо Коњари ја прослави шампионската титула во Трета лига – Југ!

Сподели
Сподели

Заврши сезоната во Третата македонска фудбалска лига – Југ, екипата на Големо Коњари е шампион, тимот ја прослави титулата и сега ќе го чека противникот во баражот за влез во Втора лига.

Во доминантна сезона екипата на Големо Коњари стана шампион со 18 победи, три ремија и два порази, а притоа го имаше најдобриот напад со 75 гола и најдобрата одбрана со десет примени голови и собрани 57 бодови.

Тимот на Големо Коњари на последниот меч со 0:3 славеше над Дреново. Стрелци на погодоците беа Борче Сркески, Виктор Тошески и Христијан Кукески.

На мечот меѓу Влазними Јуниор и Слога од Лажани беа постигнати десет погодоци, за победа на гостинскиот тим од 4:6. Фејзулоски беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Шабаноски и Ибраими. За гостинската екипа Османоски постигна два гола, а по еден Каришиќ, Угљанин, Ибраими и Мејдини.

Екипата на Превалец со триумф од 2:1 над Пити Гули од Крушево ја затвори сезоната пласирајќи се на второто место. Екипата на Превалец уште во првиот дел имаше 2:0 со погодоците на Давид Скуловски и Ристо Станковски, а за гостите гол постигна Оливер Велевски.


Поранешниот второлигаш Росоман со 2:3 славеше над Ултрас на теренот со вештачка трева во Прилеп. Тошески и Тасески беа стрелци за домашниот тим, за гостинот Миланов беше двоен стрелец, а еден гол постигна Јованов.

Бучин со 3:2 забележа домашна победа и победнички ја заврши сезоната откако славеше над Младост од Кривогаштани. Србиноски, Николовски и Мургоски беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот погодија Пејоски и Чапкуноски.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!