Кошарка

Ангели нов прволигаш – пресврт и триумф над Соколи во мајсторката!

Сподели
Сподели

Кошаркарскиот клуб Ангели успеа да се избори за историски пласман во Првата лига,, откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналето во Втората лига ја совлада екипата на Соколи 1933 од Штип со 82:70 и така ја доби серијата со 2-1 во победи.

Во преполната сала и пред својата публика, Ангели по вторпат беа подобри од упорните штипјани, кои на полувремето имаа предност од осум поени (41:33). Сепак, следеше силен резултатски пресврт во третата четвртина, кога домаќините одиграа фантастично и со серија 30:13 поведоа со 63:54.

Во последниот период, Соколи 1933 се обиде да се врати во натпреварот, намалувајќи на 67:63 со серија од 9-4, но четири минути пред крајот Ангели повторно го презедоа контролната палка. Со нова серија од девет поени, го зголемија водството на 76:63 и практично го решија прашањето на победникот.

Гостите немаа сили за нов камбек, па натпреварот заврши со победа на домашната екипа, која сосема заслужено се избори за влез во елитната конкуренција.


Најефикасен кај победничката екипа беше Ибраими со 21 поен, додека Стојанов реализираше 17, а капитенот Стојаноски запиша 14 поени. Кај Соколи, Костадинов постигна 22 поени, Тодороски заврши со 20, а капитенот Караколев додаде 12.

Покрај Ангели, место во Првата лига обезбеди и тимот на Маџари, кој во другата полуфинална серија беше подобар од МЗТ Скопје Уни Банка. Овие две екипи ќе се сретнат во финалето на Втората лига и ќе се борат за шампионската титула, додека поразените од полуфиналињата – Соколи 1933 и МЗТ Скопје Уни Банка – ќе разигруваат за третото место.


Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!