Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

Познато кога и каде ќе се игра баражот за Првата женска фудбалска лига меѓу Речица и Вардар

Сподели
Сподели

Речица како прволигаш ќе бара опстанок, а пак Вардар како второлигаш ќе бара влез во Првата женска фудбалска лига.

Овие две екипи ќе се соочат во баражот за Првата женска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија го определени теренот и датум кога истиот ќе се одигра.

Баражот меѓу Речица и Вардар за Првата женска фудбалска лига (ПЖФЛ) ќе се игра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 28 мај (среда) со почеток од 11 часот.

Минатата година Вардар исто така играше бараж против прволигашот Топ Гол, тогаш тимот од Битола беше убедлив над Вардар и така остана во Првата лига, а Вардар сега ќе има нова шанса да обезбеди историско учество во Првата лига.

Речица преку баражот ќе бара триумф и опстанок во Првата лига и за следната сезона.


Во следните денови ќе посветиме емисија од Спортска Анализа на Спортска Мрежа со детално претставување на двете екипи, преглед на играчки кадар, анализа на сезоната на двете екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!