Втора лигаМладински фудбалФудбал

Последен чекор до врвот: Пионерите на Вардар Неготино против Малеш!

Сподели
Сподели

Утрешниот ден, недела, клучен за пионерите на Вардар Неготино. Најголемото внимание е насочено кон пионерскиот тим, кој во последното коло од Третата пионерска лига – Група А, ќе го пречека тимот на Малеш од Берово.

Натпреварот, кој се игра на Градскиот стадион во Неготино со почеток во 13:00 часот, ќе одлучува кој да биде прв во групата А и да игра со првиот од групата Б, за севкупен првак т.е. шампион во Третата пионерска лига. Во групата Б во последното 21. коло Борец и Куманово Милано ќе решаваат кој да биде прв. Вардар Неготино моментално е лидер на табелата во групата Б со 42 бодови – исто колку и Академија Осогово, додека Слога Виница е веднаш зад нив со 41 бод, како трета. Победа значи сигурно прво место за црно-белите од Неготино и со тоа ќе закажат пресметка со велешки Борец или Куманово Милано.

Поддршката од публиката ќе биде од клучно значење. Тимот апелира до навивачите, до верните „винари“ и целата фудбалска јавност од Неготино да дојдат и да ги поддржат младите надежи на неготинскиот фудбал во обидот да ја крунисаат сезоната со титула.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Претходно, со почеток во 11:00 часот, помладите пионери исто така ќе се соочат со врсниците од Малеш, додека фудбалскиот ден ќе го заокружи сениорскиот тим на Вардар Неготино. Избраниците на тренерот Горан Тодорчев од 17:00 часот го играат последниот натпревар од сезоната во Втората лига, пред својата публика против екипата на Арсими.

Недела во Неготино носи фудбалска возбуда и борба за крунисување на успешна сезона!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки на 9. коло од ЕРС (eFootball Pro Champions), во меч со...

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

КупФудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот...

КупФудбалФутсал

Познати судиите кои ќе го судат Куп финалето меѓу Проект и Кеги Моби

Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!