Прва женска фудбалска лигаФудбал

По подолга пауза ќе се одигра меч од Првата женска фудбалска лига на „Петар Милошевски“: Топ Гол против Истатов!

Сподели
Сподели

По подолг период, на градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола повторно ќе се гледа прволигашки женски фудбал. Недела, со почеток од 16:00 часот, на градскиот стадион во Битола ќе се одигра натпревар од 25. коло на Првата женска фудбалска лига помеѓу екипите на Топ Гол и Истатов.

Публиката во Битола ќе има можност да проследи интересен дуел во квалитетен амбиент, што ќе биде дополнителен мотив и за фудбалерките да дадат максимум на теренот.

Главен судија на мечот ќе биде Драган Стевановски од Велес, негови помошници ќе бидат Ангела Домазетовска од Битола и Славче Шоповски од Велес. Контролор на натпреварот ќе биде Илчо Јорданоски од Прилеп.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од Делчево го промовираше Владимир Дујовски како најново засилување. 30-годишниот играч за...

Турнири

Вечерва беа “искинати” мрежите на турнирот во Дебреште за високи и убедливи победи

Нови убедливи победи на меморијалниот турнир “Алмир Ибески – Апмо 2026”, откако и вечерва ефикасноста на екипите, барем што се однесува до погодоците...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од...

Прва лигаФудбал

Максимов: Шкендија можеби го има најдобриот тим во лигата, кај нас владее одлична атмосфера

Методи Максимов со гол се врати во Брегалница откако погоди против Арсими...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!