ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе биде четврти судија на финалето на Лигата на шампиони за жени!

Сподели
Сподели

Нашата најдобра фудбалска судијка Ивана Пројковска ќе биде четврти судија на големото финале од Лигата на шампиони за жени, што ќе се одржи на 24 мај во 18:00 часот по средноевропско време во Лисабон.

Таа доби доверба од УЕФА да биде дел од судискиот тим на спектаклот меѓу Барселона и Арсенал, што претставува огромно признание за нејзината работа и квалитет.

Со ова, Пројковска станува дел од судиската елита на европскиот фудбал, а нејзиното учество во финалето е нов историски успех за македонскиот фудбал.

Натпреварот ќе го суди Ивана Мартиниќ од Хрватска а најзини асистентки ќе бидат Сања Родјак Каршиќ и Маја Петровиќ исто така од Хрватска.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!