Останато

Трето место за Игор Стефановски – Иџе на трката во Португалија!

Сподели
ФОТО: Igor Idze Stefanovski
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски – Иџе изминатиов викенд повторно се искачи на пиедесталот, освојувајќи го третото место на третата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Трката се одржа на познатата патека Рампа да Фалпера во португалскиот град Брага.

Возењето се одвиваше во исклучително тешки временски услови, поради силниот дожд кој предизвика повеќе незгоди и прекини. Неповолните услови ја направија трката вистински предизвик и за најискусните возачи, но Иџе успеа да извлече максимум од својот болид и да стигне до заслуженото трето место.

„Не можам да бидам незадоволен со освоеното трето место на оваа патека и тоа во условите во кои се возеше, особено затоа што бевме во борба со автомобили на погон со сите 4 тркала. Иако постигнав најдобро второ време во второто возење, збирниот резултат од двете трки, ми го донесе третото место. Морав да се задоволам со третата позиција на подиумот. Горд сум што сум најдобро пласираниот автомобилест во ГТ класата за португалскиот шампионат, во кој возат докажаните португалски автомобилисти. Благодарност до мојот тим, како и тимот и инженерите на Ферари за нивната поржтвуваност во оваа трка, што придонесе мојот автомобил да биде подготвен за овие екстремно тешки услови. Од Португалија, продолжуваме во Шпанија, каде за пет дена не очекува следната трка“, изјави Стефановски.

Нема многу време за одмор – за само пет дена Иџе го очекува нов предизвик во Шпанија. Новата трка ветува уште повеќе адреналин, а нашиот шампион ќе атакува повторно на место на пиедесталот.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!