Втора лигаФудбал

Алтин Лога ги закачи копачките – фудбалерот на Охрид стави крај на професионалната кариера!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Алтин Лога ги закачува копачките и става крај на својата професионална кариера.

35-годишниот фудбалер кој од февруари 2023 година го носи дресот на Охрид низ својата кариера настапуваше за Караорман од Струга, Воска Спорт, Беса, Велешта, Фламуртари во Косово, Струга Трим Лум, прилепска Победа, Велазерими од Кичево, Камза од Албанија и Гостивар.

„Вчера завршив едно од најважните поглавја од мојот живот – мојата фудбалска кариера. Чувството е мешавина од носталгија и гордост, бидејќи фудбалот за мене не беше само спорт – тој беше мојата страст, живот и идентитет долги години. Длабоко сум благодарен на сите клубови во кои имав среќа да играм. Секој дрес што сум го носел ми го даваше чувството на припадност и гордост. Им благодарам на тренерите кои веруваа во мене и ме водеа, на соиграчите со кои споделив силни емоции, порази и победи, како и на сите што ме поддржуваа – од трибините или од далеку. Најмногу му благодарам на моето семејство. Моите родители беа мојата водилка на секој чекор – секогаш покрај мене со љубов, трпение и сила. Без нив, овој пат немаше да биде возможен. Денес, со исполнето срце, му велам збогум на фудбалот како играч – но не со тага. Заминувам среќен, со чувство дека една сон беше остварен, и со душа збогатена од искуствата што ќе ги носам со себе засекогаш. Пред мене се отвора нова врата. Со страст и посветеност, ќе ѝ се посветам на мојата нова кариера како педагог и нутриционист – патека што ме мотивира исто толку колку и фудбалот, и се надевам дека ќе можам да придонесам и да ги инспирирам новите генерации. Од срце ви благодарам што бевте дел од ова патување. Бескрајно ви сум благодарен! „Кога една сон се остварува, почнува да се раѓа нов. Важно е никогаш да не престанеме да живееме со страст“, вели искусниот фудбалер Алтин Лога, кој на 35-годишна возраст ги закачи копачките.

На мечот против Брегалница, а кој за Охрид беше последен на домашен терен од претпоследното 29. коло на Втората лига, клубот му оддаде признание на Лога.


ФОТО: ГФК Охрид

„Фала ти, Алтин! Со огромна почит и благодарност, фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос му оддава признание на нашиот долгогодишен играч, Алтин Лога, кој ја завршува својата фудбалска кариера. Од срце ти благодариме, Алтин, за секој натпревар, секој гол и секоја победа во која имаше твој удел. Ти посакуваме здравје, среќа и успех во секој твој нареден чекор“, истакнаа од ГФК Охрид.

Капитенот на Охрид беше поздрав од цел стадион, од публиката, од верните „рибари“, од неговите соиграчи. Во тековната сезона за Охрид постигна три гола во Втора лига.

Лога остава голема трага во македонскиот фудбал, силен печат во екипите каде играл, пример за фудбалер кој секогаш бил професионалец.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!