Втора лигаФудбал

Сулев е легенда на Беласица – 250 натпревари во плаво-белиот дрес!

Сподели
Сподели

Фудбалерот Стефан Сулев е вистинска легенда на Беласица. 35-годишниот фудбалер влезе во клубот “250”, откако одигра 250 натпревари за струмичкиот клуб.

Пред натпреварот со Борец, кој за Беласица беше последен на домашен терен во тековната сезона од Втората лига, Сулев го прослави својот јубилеј со мала свеченост.

Претседателот на клубот му подари дрес во рамка со бројот 250, како симболично признание за неговата верност и придонес.

„Неговата љубов и пожртвуваност кон клубот нека бидат пример за генерациите што доаѓаат. Му посакуваме многу среќа, здравје и уште многу години да го носи дресот што живот значи“, велат од ФК Беласица.

Сулев е вистински пример за посветеност кон фудбалот и спортот. Пример што го следат многу млади фудбалери и пример за професионален спортист кој секогаш го дава максимумот на теренот за својот тим.

Во својата кариера има настапувано и за Кожуф и Хоризонт Турново во Првата македонска фудбалска лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!