Турнири

Втора вечер на Враништа 2025 – нови возбудувања и ефикасни натпревари, АСП Пак со „петарда“!

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ продолжува во силно темпо! Втората вечер донесе четири нови натпревари, исполнети со голема борбеност, ефикасност и неизвесност, при што публиката во Враништа уживаше во уште една доза квалитетен футсал.

Тимот на Јован 2014 успешно го отвори турнирот со сигурна победа од 4:1 над Чардак Велгошти, демонстрирајќи цврста одбрана и ефикасен напад. Со оваа победа, Јован 2014 испраќа јасна порака дека ќе биде сериозен ривал и во оваа година.

Во вториот натпревар, АСП Пак одигра одличен меч и без многу потешкотии го совлада Том Гор со резултат 5:1. Тимот делуваше организирано и сигурно, користејќи ги сите грешки на противникот и реализирајќи ги шансите со прецизност.

Дуелот меѓу Компани Стојкоски и Волино, заврши без победник – 2:2. Двата тима играа отворен фудбал, со многу можности на двете страни, но на крајот мораа да се задоволат со по еден бод, што може да биде значаен во борбата за следната рунда.

Последниот натпревар од вечерта беше најнеизвесен за публиката. Дооел Нануш загуби од екипат на Рент-а-кар Кико со 2:3, со што Рент-а-кар Кико запиша важни три бода на своето конто.

Турнирот продолжува со исто темпо и голем интерес од љубителите на спортот, а Спортска Мрежа како медиумски покровител останува на лице место за да ги донесе сите извештаи, резултати и емотивни моменти од Враништа 2025.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!