Ракомет

Дербито во Автокоманда заврши без победник

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Денес се одигра дербито на 6. коло во плеј-офот на ракометната Суперлига, помеѓу екипите на Алкалоид и Вардар, во Автокоманда. Истото заврши без победник (26:26), иако момците на Лазаров одиграа одличен натпревар без повредените Ѓорѓиев и Митев, и беа на праг на победа сѐ до самиот крај на мечот.

Првото полувреме беше доста жестоко и рамноправно, се играше гол за гол, а најчесто Алкалоид имаше благо водство. Имаше цврста одбрана со малку погодоци, како и доста расположени голмани- Кизиќ од таборот на Алкалоид и Еспиња кај Вардар.

Во вториот дел, Вардар тргна посконцентрирано и брзо почна да го презема водството, дури и малку се одлепи и со три гола, но домаќините не се предадоа и вратија со една одлична серија на голови, па така некаде на средината на второто полувреме го свртеа резултатот и ја вратија неизвесноста.

Мечот влезе во драматичен финиш, а момците на Лазаров имаа гол разлика на неколку секунди до крајот, меѓутоа тогаш Милан Лазаревски со одличен погодок го донесе ремито за својот тим, па така Вардар освои бод од ова дерби.

Кај Алкалоид, најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со осум погодоци, потоа Мартин Ивановски со пет гола, а кај Вардар, Вуко Борозан се истакна со седум голови, додека пак Милан Лазаревски погоди шест пати.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!