Долг период нема да има фудбал во Волино – третолигашот Сатеска ќе мора да одигра 12 натпревари на терен оддалечен најмалку 50 километри од домашниот стадион.
Сатеска натпреварот од 18. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, против екипата на Евротип, ќе го одигра во битолското село Кукуречани.
Како што веќе информираше Спортска Мрежа, Сатеска доби високи казни поради инцидентот што се случи на натпреварот со Преспа во Волино. Повеќе за тоа можете да прочитате овде.