Ракомет

Кузманоски: Веруваме во победа и играме со 100%, без разлика кој е пред нас!

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Бутел Скопје вечерва направи изненадување откако во „Билјанини Извори“ го доби Охрид со резултат од 29:31 за прва победа во плеј-офот.

Во првиот дел Охрид имаше предност од 17:14, а во второто полувреме Бутел Скопје успеа да го сврти резултатот и на крај да триумфира.

Тренерот на Бутел Скопје, Горан Кузманоски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека овој плеј-оф е шанса за младите играчи да растат од натпревар во натпревар, притоа направи и анализа на самиот меч ексклузивно за Спортска Мрежа.

„Искрено, ние во плеј-офот можеби важиме за аутсајдери затоа што за нас амбициите беа да се пласираме во плеј-оф, бидејќи пред сѐ имаме македонска екипа и млади играчи и овој плеј-оф ќе ни дојде добро за тие играчи да растат од натпревар во натпревар. Втора работа, ќе излажам ако кажам дека ние не веруваме дека ќе победиме, затоа што со сите екипи сме тука, одиме со 100% и одиме на победа, без разлика колку се поквалитетни и се поквалитетни и секој резултат што е со малку помала разлика е добар за нас. И денес бевме подготвени, малку на почеток влеговме многу лабави, малку имаше нервоза кај нас и после тоа, во соблекувалната се консолидиравме и во второто полувреме се вративме од минус три, повеќе верувавме, имавме подобра одбрана, расположен голман- Стојановски..и успеавме да победиме. Сега ни останува битка за петтото место, што ќе ни биде чекор напред за овие деца“, рече тренерот на Бутел, Горан Кузманоски.

Бутел дојде до првите бодови во плеј-офот, а како што вели Кузманоски за Спортска Мрежа сега тимот ќе цели кон петтото место во плеј-офот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!