Ракомет

Шампионот Еурофарм Пелистер триумфираше над Тиквеш – десет гола за Дејан Манасков!

Сподели
Сподели

Шампионот Еурофарм Пелистер им се врати на победите откако триумфираше над Тиквеш од 29:25 во Битола, а во рамки на 6. коло на плеј-офот на Суперлигата.

Битолчани сега ќе чекаат на пораз на Вардар во скопската пресметка со Алкалоид во Автокоманда, како би избиле одново на врвот.

Тиквеш играше одлично во Битола, а Еурофарм Пелистер наиде на голем отпор кај гостинот од Кавадарци. На полувреме Тиквеш имаше предност од 11:12, па во вториот дел битолчани преку пресврт стигнаа до победата од 29:25.

Дејан Манасков беше прво име кај Еурофарм Пелистер со 10 гола, а пак Филип Кузмановски имаше пет гола, додека пак кај Тиквеш прв беше Славчо Шулески со шест гола, а пак Даниел Андоноски имаше пет гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!