Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Сподели
Сподели

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се комплетира. Фудбалската федерација на Македонија ги одреди арбитрите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Марјан Стојановски ќе им суди на Работнички и Силекс, а ќе му помагаат Зоран Јанкуловски и Дарко Јовчевски, а четврт судија ќе биде Пларент Салихи.

Во ВАР собата ќе бидат Благојче Ралевски и Владимир Митревски, делегат ќе биде Николче Ивановски, а контролор Сашо Лазаревски.

Во Кавадарци главен судија ќе биде Димитар Пилешков, кој ќе им суди на Тиквеш и Брера Струмица, а ќе му асистираат Роберт Црвенов и Ристо Ѓоргиев, а четврт судија ќе биде Боби Величков.

ВАР судија ќе биде Никола Костенчев, а пак АВАР судија ќе биде Мартин Дејаноски. За делегат е одреден Зоран Златковски, а за контролор Делчо Јакимовски.



В сабота Македонија ЃП дома ќе игра со Шкендија, а правда ќе дели Игор Стојчевски со асистентите Дарко Видиниќ и Мартин Петковски, а четврт судија ќе биде Марјан Дејаноски.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Владимит Митрески, делегат е Антонио Насевски, а контролор Дејан Неделкоски.

Арсими и Вардар ќе игра во Гостивар, а таму Стојанче Стојанов ќе дели правда, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Александар Ѓурковски, а Фуркан Идризи ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а АВАР Тоше Ицев. Делегат ќе биде Мијалче Маџунаров, а конторлор Бранко Манојлоски.



В недела се играат два натпревари. Пелистер ќе бара триумф против Струга Трим Лум, а правдата на „Петар Милошевски“ ќе ја дели Влатко Илиоски и помошниците Тоше Ицев и Дино Конески, а четврт судија е Кирил Смоковски.

Во ВАР собата се Игор Стојчевски и Дарко Видиниќ, делегат е Ненад Крстевски, а контролор Дејан Јакимовски.

Шкупи ќе игра со Башкими, а и на овој меч тимот од Чаир ќе биде формален домаќин. Правдата ќе ја дели Александар Василевски, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бојан Иваноски, а пак четврт судија ќе биде Ндерим Тефику.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Гоце Петррески, делегат е Дритан Бакали, а контролор Љубе Ристевски.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!