Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари ќе ја одредат позицијата на водечките екипи пред почетокот на плеј-оф натпреварите, преку кои ќе се стигне до учество во следната сезона во Суперлигата.

Во овој круг, сите четири дуели ќе се играат на гостински терен. Во сабота, од 14 часот, Вардар ќе ја пречека екипата на Бутел во Скопје, дуел во кој гостите ќе се обидат да ја продолжат победничката низа и да останат во трката за Суперлигата.

Многу потешка задача ќе имаат кошаркарите на Соколи 1933, кои одат на гостување во Прилеп против Мега баскет од 17 часот.

Во недела, од 13 часот, Водно Санс ќе го пречека Струмица 2001 во салата „Наум Наумовски-Борче“ во Скопје, додека од 16 часот во салата „Билјанини извори“ во Охрид гостува Борец баскет против домаќинот Охрид. На три кола пред крајот на регуларниот дел, сите четири екипи од ТОП 8 имаат скор од осум победи и три порази, што го прави овој круг клучен за конечната распоредба пред плеј-офот.



Во Плеј-аут зоната, ситуацијата е веќе дефинирана, па последното коло ќе биде само формално. Спортисимо, по пет кола, е веќе сигурен учесник во Аматерската лига следната сезона. Неделниот дуел на кавадарчани против Црн Дрим ќе ја формализира конечната табела.

Плеј-оф ТОП 8 – табела

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПП ПР ГР Бод
1 Бутел 11 8 3 0 1038 860 +178 19
2 Соколи 1933 11 8 3 0 935 761 +174 19
3 Струмица 2001 11 8 3 0 893 777 +116 19
4 Борец баскет 11 8 3 0 935 882 +53 19
5 Мега баскет 11 4 7 0 945 990 -45 15
6 Вардар 11 4 7 0 883 998 -115 15
7 Водно Санс 11 2 9 0 888 1057 -169 13
8 Охрид 11 2 9 0 744 936 -192 13

Плеј-аут лига – табела

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПП ПР ГР Бод
1 Тетекс ТТК 9 8 1 0 738 596 +142 17
2 Црн Дрим 9 6 3 0 778 676 +102 15
3 Овче Поле 9 5 4 0 795 714 +81 14
4 Младинец 9 3 6 0 729 814 -85 12
5 Струмица Ролинг 9 3 6 0 640 740 -100 12
6 Спортисимо 9 2 7 0 637 777 -140 11



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!