Кошарка

ФОТО: Охрид беше домаќин на кошарка во колички Меѓународен турнир „Охрид 2025“

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Изминатиот викенд Охрид беше домаќин на кошарка во колички Меѓународен турнир „Охрид 2025“. Натпреварите се одиграа во СРЦ „Билјанини Извори“, а учествуваа екипи од Македонија, Црна Гора, Србија и Бугарија.

Се работи за нов спорт во Македонија кој се практикува две години, а интересот за истиот е голем, па сите лица со попреченост може да се приклучат и да бидат дел од клубот Хоуп Спорт, кој тренира во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

На турнирот кој се играше во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид учествуваа покрај македонскиот тим Хоуп Спорт од Скопје, и екипата на Ибар Рожаје од Црна Гора, Наис Ниш од Србија и Левски Софија од Бугарија.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Влезот на натпреварите кои се играа на 26 и 27 април беше слободен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Еди Мандак се раздели со Брегалница: Заминувам по еден важен период од мојата кариера

Младиот и талентиран фудбалер Еди Мандак се раздели со Брегалница и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. 20-годишникот кој е дете на...

Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

„Секогаш може подобро, но ова е добра увертира за ЕП“ – Галевски по победата над Украина

Македонија забележа пресврт-победа над Украина во второто коло од „Жолтиот Куп“, по влегувањето на Иван Галевски на голот на стартот од второто полувреме....

Поврзани написи
Кошарка

Баерн Минхен го ангажира Ненад Димитријевиќ – македонскиот репрезентативец се враќа во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. По...

Кошарка

Кошаркарската федерација ги објави термините за вториот преоден рок во сезоната 2025/26

Кошаркарската федерација на Македонија сподели информации за вториот преоден рок за сезона...

Кошарка

Парични казни за кошаркарските прволигаши: Неспортско навивање и фрлање тврди предмети

Во билтенот број 13 на Кошаркарската федерација на Македонија за Првата лига...

Кошарка

Пелистер доминира во бројките по 11 кола – битолчани најмоќни во нападот на „МТЕЛ“ Супер лигата

По комплетирањето на првиот круг во „МТЕЛ“ Супер лигата и одиграни 11...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!