Кошарка

Пелистер доминира во бројките по 11 кола – битолчани најмоќни во нападот на „МТЕЛ“ Супер лигата

Сподели
Сподели

По комплетирањето на првиот круг во „МТЕЛ“ Супер лигата и одиграни 11 кола, компаративната тимска статистика јасно ја издвојува екипата на Пелистер како една од најстандардните и најконстантни во шампионатот.

Битолскиот состав моментално има скор од седум победи и четири порази, што е доволно за четвртата позиција на табелата, а бројките потврдуваат дека „зелено-белите“ играат препознатлива и ефикасна кошарка. Пелистер е најефикасната екипа во лигата со просек од 91,5 поени по натпревар, значително повеќе од МКК Куманово (84) и новајлијата Маџари (82).

Освен што постигнува најмногу поени, тимот од Битола се истакнува и со квалитетна реализација. Пелистер има најдобар процент за три поени (35,9%), пред Работнички (35,3%) и лидерот на табелата ТФТ (34,6%). И од линијата за слободни фрлања, „пелистерци“ се на врвот со 76,3% успешност, пред Кожув и Работнички.

Значаен сегмент од играта на Пелистер е и агресивноста во одбраната. Екипата на тренерот Борче Даскаловски има најмногу освоени топки во лигата – во просек по 9,1 по натпревар, пред ТФТ и Маџари. Воедно, Пелистер е меѓу најдобрите и по бројот на асистенции (20,5 по меч), како и меѓу екипите со најмалку загубени топки.


Во останатите статистички категории, МЗТ Скопје Аеродром има најдобра реализација за два поени, МКК Куманово предничи по асистенции, Маџари доминира во скоковите, додека Кожув се издвојува како екипа со најмал број на загубени топки.

Сепак, кога ќе се погледне целокупната слика, бројките јасно покажуваат дека Пелистер е тим со најизбалансирани перформанси по 11 одиграни кола – факт кој може да биде силен адут за продолжението од сезоната во суперлигашката конкуренција.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!