Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед ја слави Оливера Цоклеска, Скопје со „петарда“ за Атлетико, Саса и Љуботен до нови победи!

Сподели
ФОТО: Ас Јунајтед - Топ Гол
Сподели

Екипата на Ас Јунајтед забележа многу важна победа во битката да го избегне баражот и на тој начин да дојде до директен опстанок во Првата женска фудбалска лига за следната сезона.

Стружанки со 2:1 беа подобри од битолскиот Топ Гол, па така трите бодови останаа во Струга. Оливера Цоклеска беше стрелец на двата гола за Ас Јунајтед, откако во 7. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во 78. минута ја дуплираше предност за Ас Јунајтед.

Во финишот на мечот Маргарита Талевска постигна гол откако беше прецизна во 88. минута, но само за ублажување на поразот (2:1).

Убедлива победа однесе екипата на Скопје откако на домашен терен во скопско Пржино со 5:0 го декласираше тимот на Атлетико од Битола. На полувреме домашниот тим имаше предност од еден гол (1:0) откако Мина Коваческа си постигна автогол.

Во второто полувреме Ана Боризоска во 67. минута беше прецизна за 2:0, а веќе во 72. минута Блехана Алиеска ја стресе мрежата на противникот за 3:0. До крајот на мечот Никица Трендова беше двоен стрелец за конечни и убедливи 5:0.

Сигурна победа од 0:3 славеше Каменица Саса на гостување кај Истатов. Резултатот беше отворен по само две минути игра откако Вјолца Изеири покажа на белата точка за гостинскиот тим, а капитенот Ана Димитровска беше сигурна за отварање на резултатот. Само четири минути подоцна Антонина Шопска постигна гол за 0:2, а со тој резултат се замина по првите 45 минута.

Во вториот дел Гамарт Михаела беше прецизна во 53. минута за конечни 0:3 во Пржино.


Актуелниот шампион и лидер Љуботен не виде мака против Речица и без многу мака ја совлада Речица со високи и убедливи 1:4. Победата беше најаве уште во првиот дел кога Настасја Накова погоди во 25. минута за 0:1, а по две минути капитенот Александра Марковска ја дуплираше предноста. Мрежата на домашниот тим продолжи да се треси откако голгетерката Хава Мустафа во 31. минута погоди за 0:3 на полувреме.


Во вториот дел веднаш капитулираше по четврти пат Мелани Додевска на својот гол откако Мустафа постигна втор гол за 0:4. Во 53. минута Милена Антевска ги постави конечните 1:4.

Во рамки на ова коло слободна беше екипата на Тиверија Брера од Струмица.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 20 18 1 1 94 13 +81 55
2 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 19 16 2 1 88 8 +80 50
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 19 15 1 3 57 16 +41 46
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 19 13 0 6 45 21 +24 39
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 19 6 3 10 21 46 -25 21
6 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 20 4 4 12 15 47 -32 16
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 20 4 3 13 17 48 -31 15
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 20 3 0 17 27 67 -40 9
9 ЖФК РЕЧИЦА 20 2 0 18 16 114 -98 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!