Трета лигаФудбал

Тетекс го „распадна“ Напредок и стана шампион во Трета лига – Запад, „штофарите“ пред враќање во Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс
Сподели

Тоа што го најавуваше Спортска Мрежа изминатите денови се потврди, екипата на Тетекс со 0:5 го декласираше некогашниот прволигаш Напредок од Тетекс и стана шампион во Трета лига – Запад.

„Штофарите“ се пред можноста експресно да се вратат во Втора лига, но најпрво ќе треба да го поминат баражот.

Само еден гол беше постигнат во првиот дел за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Тетекс беше незапирлив. Агон Елмази и Ерјон Елмази беа двојни стрелци, а еден гол постигна Славчо Мисајловски.

Дритон Садики е херојот на Камјани во минимална победа од 1:0 над Влазерими од Кичево.


Некогашниот прволигаш Ренова со убедливи 5:1 го декласираше Велазерими Слатино на домашен терен. Ермал Саити и Арти Селмани постигнаа по еден гол за тимот од Џепчиште, Ерзен Ходаи беше двоен стрелец, а пак Фатон Вељии си постигна автогол. За гостинот погоди Бајрам Мемеди.

Љуботен дојде до важна победа над Зајази во битката за опстанок, откако триумфираше со 2:1. Филип Билбилоски погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Лавдрим Љума погоди за 2:0, а пак Агон Хашими во 88. минута ги постави конечните 2:1.

Вардар на домашен терен во Брвеница со 4:2 го доби тимот на Џепчишти, преку двата гола на Бојан Михајлоски и погодоците на Тони Брњарчевски и Славе Антовски, а пак за гостинот двоен стрелец беше Беким Садики.


Со ваков резултат од 4:2 славеше и Доброшти на домашен терен над Дрита. За домаќинот голгетерот Бетим Етеми беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Арбен Гафури и Харис Сулимани. За гостинот двапати погоди Хузри Џемаили.

Тетекс е шампион во Трета лига – Запад на четири кола до крајот и практично сега ќе се подготвува за баражот за експресно враќање во Втора лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!