Продолжува возбудливата трка за најдобар стрелец во Втората футсал лига на Македонија, предводена од Ибрахим Алији од Балкан и Иса Дурмишов од Мал Ајакс.
Овие две екипи се борат за влез во Првата футсал лига, додека нивните најистакнати стрелци водат жестока битка за титулата најдобар голгетер на сезоната.
Интересно е што Алији и Дурмишов постигнуваат голови со фреквенција што е поретка дури и во ракометот!
На натпреварот од 20. коло против Карадаку, Ибрахим Алији постигна неверојатни 15 голови за Балкан, бројка која ретко се гледа дури и во натпреварите од ракометната Суперлига. Иса Дурмишов, пак, во 21. коло против Конзули, ја наполни мрежата со 10 погодоци, водејќи го Мал Ајакс до убедлива победа.
Алији е водечки стрелец со 53 постигнати голови, додека Дурмишов има 45. На третата позиција е Октај Беќири од Кораб со 32 погодоци, а четврти е Ѓорѓи Султанов од Овче Поле со 30 голови.