Останато

Игор Стефановски – Иџе го освои третото место на трката во Рехберг во Австрија!

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски - Иџе
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист постигна одличен резултат на трката во Рехберг, Австрија, која се одржа од 25 до 27 Април 2025 година како дел од Европскиот шампионат во планински трки (FIA European Hill Climb Championship).

Во конкуренција од 250 учесници од 16 држави, Иџе заврши на третото место во својата категорија, што претставува значаен успех за него и за Македонија.

Рехберг Ренен е една од најпрестижните планински трки во Европа, а оваа година се одржа по 51-ви пат, привлекувајќи врвни возачи од целиот континент.

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Ова е силен успех. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои со своите нагодувања го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка. Тешко е навистина да се натпреварувате против возачи чии возила имаат повеќе од 1.000 кс и погон на сите 4 тркала. Секако, искуството кое го стекнав низ годините во кои се натпреварувам, ми овозможи да им парирам на овие „тркачки ѓавол и секогаш да се борам за висок пласман. Благодарност до моите спонзори и Министерството за спорт за несебичната поддршка на патот кон големите успеси, како за мене, така и во претставувањето на нашата земја“, изјави Стефановски.

Иџе е во извонредна форма и тоа го докажува во секоја нова трка која за него значи многу, но и Македонија е горда на него што ни носи успеси.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија....

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!