ФудбалФутсал

Партизан Југ триумфираше над Каршиака – Симјаноски во елемент, Мал Ајакс го „здроби“ Конзули откако Дурмишов постигна 10 голови!

Сподели
Сподели

Вечерва беше комплетира 21. коло на Втората футсал лига на Македонија со натпреварот во Брвеница каде екипата на Партизан Југ со 9:7 го доби тимот на Каршиака.

Овој натпревар беше прогласен за натпревар во висок ризик, а мечот го одбележа и враќањето на капитенот Синиша Симјаноски во екипата кој беше двоен стрелец во клучен момент за триумф на неговата екипа.

Покрај двата гола на Симјаноски, хет-трик постигна Марио Стојковски, двапати погоди Марко Спироски, а по еден гол Славче Антовски и Новица Костадиноски.

За гостинската екипа четири гола постигна Енис Ибраими, а по еден гол постигнаа Хамза Садики, Нехат Емини и Неџати Шабани.

Ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе однесе висока и убедлива победа од 2:8 над „фенерџијата“ Карадаку во Липково. Ѓорѓи Султанов постигнат хет-трик за гостинот, двоен стрелец беше Марио Панев, како и Иван Наумов, додека пак стрелец на еден гол беше Александар Петровски.


За екипата на Карадаку двата гола ги постигна Шуајб Шукрија, во првиот и во вториот дел.

Кратово со резултат од 3:1 славеше над СЕЕ Университи, каде за домаќинот стрелци беа Димитар Стојановски, Драган Стефанов и Горан Арсовски, а пак за гостинот од Тетово во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип единствен стрелец беше Зеќирија Османи.


Мал Ајакс како на ракомет го „здроби“ Конзули и за Битола го испрати со полна мрежа откако штипјани триумфираа со 15:2, а десетте гола ги постигна Иса Дурмишов, а погодоците ги постигнуваше како на брза лента.

Седат Мамудов постигна два гола, а по еден гол постигнаа Љубомир Тиквешанец, Андреј Трајанов и Сердар Синанов. За гостинот од Битола двоен стрелец беше Лука Ѓорески.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1 2026, во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Бресалиева имаше одличен настап...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство, откако денеска беше совладана од актуелниот европски шампион Полска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!