Втора женска фудбалска лигаФудбал

Кочани пресилен за Победа Валандово, хет-трик за Стојковска, двоен стрелец Салихи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица - Кочани | АРХИВА
Сподели

Лидерот Кочани го одигра последниот меч на домашен терен за ова сезона и истиот го доби со убедливи 5:0 над Победа Валандово, што беше и за очекување.

Само еден гол беше постигнат во првиот дел, а во вториот дел паднаа четири гола.

Ангела Стојковска постигна хет-трик, додека пак екс репрезентативката Афродита Салихи беше стрелец на два гола со што Салихи е убедливи најдобар стрелец во Втората женска фудбалска лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипата на Вардар со 1:2 го доби дербито со Билјанини Извори, извештајот од тој меч е достапен овде. Плачковица со 3:2 го доби Слободен, а пак Порече со 1:3 славеше над Борец во Велес, извештајот за овие два меча е достапен овде.

Во последното коло ќе се игра дербито меѓу Варар и Кочани, каде ќе се решава и за титулата и  за тоа кој директно да патува во Првата женска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!