Втора женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Плачковица преку Бангиева до триумф над Слободен, Порече го „тресна“ Борец среде Велес!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Екипата на Плачковица преку пресврт дојде до победа на домашен терен од 3:2 над дебитантот Слободен и со победа ја затвара сезоната на домашен терен, бидејќи во последното коло радовишанки ќе играат во Валандово против Победа.

Одличен натпревар, одлични услови за игра, со желба за победа и кај едните и кај другите. Слободен силно ја посакуваше победата и сакаше за првпат во сезоната да се израдува на триумф, но немаше среќа и денес во меч каде Слободен беше најблиску до победа.

По седум минута игра капитенката Јана Ацковска успеа да постигна гол за 0:1 и водство на гостинскиот тим. Ваквиот ран гол му даде мотив повеќе на Слободен, но сепак Плачковица која има неколку одлични фудбалерки не дозволи противникот да дојде до осетна предност па преку Ивона Бангиева во 23. минута дојде до израмнување на 1:1.

Плачковица направи притисок и со неколку шанси дојде и до пресврт и водство од 2:1 на полувреме откако Розета Ташкова во 36. минута погоди за 2:1.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! Плачковица – Слободен, 13. коло ВЖФЛ

Во вториот дел Слободен направи поголем притисок и се играше во половината на домашниот тим, а тоа донесе втор гол за Ацковска која во 60. минута постигна гол за 2:2.


Одново се врати надежта кај Слободен за прва сезонска победа и креираше тимот неколку шанси кои поради неискуството кај младите фудбалерки не можеше тоа да се претвори во погодок, па до некаде Слободен можеби и со бод ќе беше задоволен.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! Плачковица – Слободен, 13. коло ВЖФЛ

Во 85. минута со втор гол Бангиева постигна гол за конечни 3:2 со што трите бодови останаа во Радовиш, а Слободен останува и натаму единствениот тим кој нема триумф.

  • ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА НА НАТПРЕВАРОТ ПЛАЧКОВИЦА – СЛОБОДЕН:

Порече триумфираше над Борец на Градскиот стадион во Велес со резултат од 1:3 и тоа тимот од Македонски Борд до победа дојде преку пресврт.

Весна Милојевиќ во 47. минута постигна гол за водство на домашниот тим од 1:0. Во 65. минута гостинската екипа преку Маријана Цветкоска постигна гол за 1:, а брзо потоа капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска постигна гол во 71. минута за пресврт и водство на Порече од 1:2.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! Капитенот на ЖФК Порече, Јована Ѓорѓиоска Блажеска

Сите дилеми за трите бодови ги реши Цветкоска со втор гол во 84. минута за конечни 1:3.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!