Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар го освои Охрид и ја слави Теодора Јанковска – падна Билјанини Извори! Вардарки сигурни за бараж и остануваат во трка за титула!

Сподели
ФОТО: Победничката „фотка“ од соблекувалната на ЖФК Вардар
Сподели

Дербито на 13. коло во Втората женска фудбалска лига заврши со победа за Вардар, откако славеше со 1:2 над Билјанини Извори, и тоа преку пресврт. Херој за Вардар беше искусната Теодора Јанковска, која ги постигна двата гола.

Тежок натпревар за двете екипи, пред сè од психички аспект, на што се осврна и тренерката на Вардар, Теодора Димитровска, во изјава за Спортска Мрежа. Мечот беше од капитална важност за двете страни, со бројни шанси и моменти на двете страни, но Вардар ги искористи своите подобро и затоа го доби мечот.

Натпреварот беше фер и коректен од двете страни. Ева Андонова во 42. минута донесе водство за Билјанини Извори од 1:0, резултат со кој охриѓанки заминаа на полувреме.

Во второто полувреме, Вардар бараше брз погодок и истиот го постигна во 61. минута, кога Теодора Јанковска ја стресе мрежата на Николија Стојановска за 1:1.

Изедначувањето ја разгоре играта и на двете страни, кои тактички настојуваа да стигнат до нов гол. Во 75. минута, Стојановска повторно капитулираше, откако 23-годишната Јанковска постигна свој втор гол за водство од 1:2.

До крајот, Билјанини Извори се обидуваше да се врати во игра и создаде неколку шанси за израмнување, но немаше успешна завршница, додека Вардар мудро го чуваше водството стекнато во 75. минута и на крај ја потврди победата од 1:2.


Сега Вардар останува на второто место и сигурно ќе игра бараж за можна промоција во Првата лига. Ова ќе биде нов бараж за Вардар, откако минатата сезона тимот загуби во Велес од прволигашот Топ Гол. Сепак, пред тоа, во последното коло Вардар на домашен терен ќе се соочи со Кочани, во директен дуел за титулата и за директна промоција во елитата. Победникот од тој натпревар ќе обезбеди директен пласман во Првата женска фудбалска лига, додека поразениот ќе игра бараж за влез во елитата на македонскиот женски фудбал.

„Тежок натпревар, пред сè од психички аспект, и по нивното водство пред крајот на првото полувреме, девојките покажаа карактер и дисциплина на теренот. Шансите ги имавме и ние и екипата на Билјанини Извори, но победата заслужено ја добивме. Сакам да им честитам на моите девојки што и покрај притисокот успеавме да останеме на погорното место во однос на противникот“, изјави тренерката на Вардар, Теодора Димитровска за Спортска Мрежа веднаш по мечот во Охрид.

Од охридскиот клуб им ја честитаа победата на Вардар и им посакаа среќа понатаму.

„Фер и коректна игра, им честитаме на победата на Вардар и им посакуваме многу среќа понатаму“, велат од ЖФК Билјанини Извори во кратка изјава за Спортска Мрежа.

Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од последното, 14. коло, со што ќе заврши сезоната во Втората женска фудбалска лига. Потоа ќе следи баражот за пополнување на Првата лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Александра Стојановска: Младоста во тимот може да биде наше изненадување

Најдобрите македонски кошаркарки од вчера попладне се во Копенхаген, каде утре од 18:30 часот против селекцијата на Данска ќе го одиграат четвртиот натпревар...

Останато

Македонските тенисери до 14 години со настап во Анталија, турнирот прекинат од безбедносни причини

Младите македонски тенисери до 14 години изминатиот период настапија на развојните шампионати во Анталија, Турција. По одигрувањето на првиот турнир, вториот беше прекинат...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Билјанини Извори подобар на тестот со прволигашот Речица

Викендов второлигашот Билјанини Извори одигра пријателски меч против прволигашот Речица, кој го...

ФудбалФутсал

Бојан Иванов херој на Осогово: Со два гола донесе бод против Бутел во битката за опстанок

Синоќа се комплетираше 12. коло во Првата футсал лига со натпреварот меѓу...

ФудбалФутсал

Закажани четвртфиналните пресметки во футсал Купот на Македонија

Четвртфиналето од футсал Купот на Македонија ќе се игра во два дена....

Прва лигаФудбал

Реакција на ФФМ во однос на соопштението на ФК Шкендија

По соопштението на актуелниот шампион Шкендија, со соопштение реагираше и Фудбалската федерација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!