Теренот на „Хасанбег арена“ е подготвена за утрешниот меч од 22. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север меѓу Фортуна и Куманово.
Натпреварот ќе започне во 16 часот, а Фортуна ќе ја има улогата на фаворит за триумф и трите бодови. Ова е соочување на Фортуна која е втора и Куманово кој е петти на табелата.
Фортуна ќе ја бара 13-тата победа и со тоа да ја заврши сезоната на второто место, а пак Куманово ќе атакува на десеттото сезонско славје.


Главен судија ќе биде Стојанче Колев од Скопје, негови помошници ќе бидат Филип Тодоровски и Зафир Богданови од Скопје. За делегат е делегиран Дарко Китановски од Скопје, а пак контролор ќе биде Трајче Николов од Скопје.

