Ракомет

Златко Мојсоски на 42 години ја заврши успешната ракометна кариера

Сподели
Сподели

Десното крило Златко Мојсоски на 42 години реши да стави крај на својата долга и успешна ракометна кариера. Кариерата ја започна во својот роден град Струга, а истата ја завршува во Струга, откако минатата сезона беше последна за него во дресот на РК Струга.

Мојсоски својата кариера ја започна во Струга, а потоа од таму замина во Пелистер, Охрид, Тиквеш Кавадарци, Вардар, Металург, Прилеп, Работник, потоа Еурофарм Работник, беше дел од Бутел Скопје пет сезони, и последно одигра за Струга. Покрај настапите во домашното првенство со екипите на Пелистер, Металург, Вардар и Бутел Скопје настапуваше и во европските купови.

Стружанецот со македонската репрезентација играше на ЕП 2012 во Србија, како и на ЕП 2014 во Данска, беше во репрезентативниот состав за квалификациите за ОИ 2012, одигра и две СП со репрезентацијата на Македонија во 2013 во Шпанија, а играше и на СП 2015 во Катар.

Популарниот Козла даде многу за македонскиот ракомет, во секој клуб даде максимум, а тој сега останува во Струга со цел да му помогне на клубот со своето искуство на секој можен начин.

Александар Ванев, М-Нет

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!