Втора лигаФудбал

Големо засилување за Кожуф: Бојан Најденов нов играч на второлигашот од Гевгелија!

Сподели
Сподели

Искусниот играч од средниот ред Бојан Најденов е нов играч на второлигашот Кожуф од Гевгелија.

33-годишникот ќе биде големо и капитално засилување за тимот на Филип Деспотовско за продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, во која дефинитивно Кожуф сериозно ќе се вмеша за врвот од табелата.

Најденов последно настапуваше за Локомотив Кашкент од Узбекистан, претходно настапуваше за Брера Струмица во два наврати, Навбахор од Узбекистан, Искра од Црна Гора, Љачи од Албанија, Смуха во Египет и Естегал од Иран, екипа со која го освои иранскиот Куп, и иранскиот Суперкуп.

На домашната сцена настапуваше и за Хоризонт Турново, Работнички, Вардар и Кожуф.

Во новата сезона екипата на Кожуф тргна со реми против Саса и триумф над Вардарски во дербито на Југот во Богданци, а веќе утре на домашен терен ќе игра против Осогово од Кочани.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!