Останато

Младите македонски тенисери преку настапи на домашни турнири ја билдаат формата и собираат искуство!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Младите тенисери и тенисерки од Македонија преку настап на домашни турнири ја билдаат својата форма, но и дополнително го собираат потребното искуство за во иднина. Оваа недела се одигра третиот турнир во Скопје на терените на тенискиот клуб Југ, а преку истиот повеќе македонски тенисери и тенисерки имаа можност да одиграат натпревари кои ќе им дадат искуство за во иднина.

Теона Андова и Ана Митевска играа полуфинале во двојки, додека пак Јана Божиновска и Катја Ивановски беа четвртфиналистки, а овие две тенисерки беа и четвртфиналистки и во поединечна конкуренција.

Во машка конкуренција Амар Хусеиновиќ за малку не успеа да обезбеди полуфинале, додека пак Александар Трифуновски беше четвртфиналист во конкуренција на двојки, а играше и трето коло во сингл.

Пред младите македонски тенисери и тенисерки и оваа недела е уште еден од серијата турнири кои се играат во Скопје, а овој ќе се одигра на терените на тенискиот клуб Поинтер.

Овие турнири се дозна важни и значајни во развојот на младите тенисери од Македонија. Во Источниот дел на Македонија пред околу два месеци се одржа голем Меѓународен тениски турнир „Радовиш Опен“, кој од година во година зема се поголем зафат и важни како спортски настан кој значително го промовира тенис како спорт не само во Радовиш, туку и во цела држава со настап на големи тениски имиња кои високо котираат на АТП листата.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!