Екипата на Четирце забележа убедлива победа од 4:0 над Куманова Милано во рамки на 7. коло на Општинската фудбалска лига 2 во Куманово или Четврта лига по ранг на натпреварување
Уште на полувреме домаинот имаше осетна предност од два гола (2:0), откако во 11. минута Дамјан Станишковски погоди за 1:0, а во 38. минута Давид Трајановски постигна гол за 2:0.
Во вториот дел двајцата играчи постигнаа по уште еден гол за конечни 4:0, па со тоа Четирце го сочува првото место со 14 бодови, колку што има и второпласираната Победа од Тромеѓа.
Атмосферата на мечот од страна на публиката беше фантастична, а публиката која беше одлично расположена за навивање имаше и пораки кои ги испрати до тренерот во знак на поддршка за одличната сезона и игра не тимто на Четирце.
Во однос на останатите два натпревари. Екипата на Победа ремизираше со Костурник играјќи 1:1, а ваквиот резултат му одговараше на тимот на Четирце, како и Македонија Агино, која пак со 10:0 го доби Орашац, со што тимот на Македонија Агино е трет.
Во Општинската 2 лига на Куманово, екипата на Речица со 3:0 го доби тимот на Ран Производ, Клечовце доживеа дебакл од Јуниор од Доброшане со 2:12, а пак Козјак доживеа домашен пораз од Лопати со 1:3.
Лопати е прв со 24 бодови, Јуниор од Доброшане е втор со 21 бод, а пак Речица е трета со 21 бод.