Ракомет

Познати четвртфиналните групи во Купот на Македонија: Охрид со Прилеп, Радовиш налета на Струга, Вардар против Бутел!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржана ждрепката за групната фаза од Купот на Македонија, со што се формирани четири четвртфинални групи. Во оваа фаза се приклучуваат и четирите носители на ждрепката, меѓу кои е и актуелниот освојувач на трофејот – Алкалоид.

Најголемо внимание привлече ждрепката во која Алкалоид ќе се соочи со својот втор тим – Мулти Есенс, додека најтешкиот противник меѓу фаворитите го доби Вардар 1961, кој ќе се сретне со Бутел Скопје. Еурофарм Пелистер ќе игра против Куманово, а Прилеп ќе се соочи со ГРК Охрид.

Четвртфинални групи од Купот на Македонија:

Група 1

  • Алкалоид Ракомет – Мулти Есенс

  • Партизан 2016 – Пролет 62

Група 2

  • Еурофарм Пелистер – Куманово

  • Радовиш – Струга

Група 3

  • Вардар 1961 – Бутел Скопје

  • Фруит Ленд Борец – Еурофарм Пелистер 2

Група 4

  • Прилеп – ГРК Охрид

  • Тиквеш – Аеродром


Во секоја група ќе се одиграат по две полуфинални средби, а победниците ќе се соочат во финале на групата. Само победникот од секоја група ќе обезбеди место на завршниот турнир од Купот на Македонија. Натпреварите од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 26 и 27 април.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!