Ракомет

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер е на врвот во плеј-офот, Радовиш е на дното во плеј-аутот без бодови!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

По две одиграни кола во плеј-офот односно плеј-аут сегментот, краток преглед на тоа како изгледаат табелите.

На плеј-оф табелата на врвот е актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со седум бодови на своето конто, на второто место е Вардар со шест бодови, трет е Алкалоид со четири бодови. Екипата на Охрид има три бодови и се наоѓа на четвртото место, Тиквеш е петтопласиран со еден бод, а дното е Бутел без бодови.

Следното трето коло ни носи дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид во Битола, Вардар ќе го пречека незгодниот Охрид, а пак Тиквеш ќе бара прва победа на домашен терен против Бутел, кој пак ќе бара и први бодови во плеј-оф сегментот.

ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Трката за титулата ќе ја одат повеќе од јасно Еурофарм Пелистер, Вардар и Алкалоид, а Охрид ќе биде тој кој сигурно е дека може да реши особено ако откине бодови од некои од овие три кандидати за титула. Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде место каде овие три екипи ќе немаат право на грешка, бидејќи таа грешка може да им ги скрати шансите за титула.

  • ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ СУПЕРЛИГА:
Поз. Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Еурофарм Пелистер 2 2 0 0 58 50 +8 7
2 РК Вардар 1961 2 2 0 0 69 52 +17 6
3 РК Алкалоид Ракомет 2 1 0 1 60 61 -1 4
4 ГРК Охрид 2 1 0 1 45 46 -1 3
5 ГРК Тиквеш 2014 2 0 0 2 54 66 -12 1
6 РК Бутел Скопје 2 0 0 2 46 57 -11 0

Во плеј-аутот ќе гледаме неизвесна трка за опстанок, а Радовиш по двата порази во низа направи чекор назад кога е во прашање директниот опстанок, особено после тој пораз од Борец ФЛ во Велес кој беше висок (31:24), но и тоа што загуби со пресврт од Куманово во гости.


Прилеп е прв во плеј-аут сегментот со 6 бодови, на второто место на табелата е Пролет со пет бодови, а пак Куманово е трет со четири бодови и овие екипи се издвојуваат како фаворити за првите три места и лесно обезбедување на опстанок.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

На четвртото место е Борец ФЛ со три бодови, а толку бодови има и Струга која е претпоследна или во бараж зоната за опстанок, а пак Радовиш е на дното без бодови и засега овој тим е со најголем притисок да избори опстанок.

  • ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ СУПЕРЛИГА:
Поз. Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Прилеп 2 2 0 0 51 41 +10 6
2 РК Пролет 62 2 1 0 1 50 46 +4 5
3 МРК Куманово 2 1 0 1 48 45 +3 4
4 РК Фруит Ленд Борец 2 1 0 1 52 52 0 3
5 РК Струга 2 1 0 1 49 54 -5 3
6 РК Радовиш 2 0 0 2 43 55 -12 0

Токму во следното коло Радовиш на домашен терен ќе игра против Струга, меч кој ќе мора да го добие тимот на Игор Котевски во СРЦ „25 Мај“ со пораз радовишани ќе бидат се поблиску од испаѓање.


Борец ФЛ во следното коло ќе гостува кај Пролет во Скопје а пак Куманово на домашен терен ќе игра со лидерот Прилеп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!