ФудбалФутсал

Јувентус Серава против Осогово во полуфиналето од футсал Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Вечерва ќе биде одигран вториот полуфинале меч од футсал Купот на Македонија, каде ќе се соочат Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка, победникот од овој полуфинален меч ќе патува во големото финале каде ќе се соочи со бранителот Форца.

Повеќе од јасно е дека вечерва ќе гледаме неизвесен натпревар каде нијанси ќе одлучуваа кој ќе патува во големото финале, а мечот е закажан за во 19 часот.

Судиска тројка е Дејан Младеновски како прв судија, Никола Костенчев како втор судија и Марјан Младеновски како трет судија, сите тројца од Скопје. Делегат на натпреварот е Томислав Шескокалов од Тетово, а пак Петар Мантев од Неготино ќе биде контролор.


Инаку, како што веќе објави Спортска Мрежа, Форца немаше мака и со 2:7 го доби второлигашот Балкан во полуфиналето и така стигна во големото финале, каде ќе го чека подобриот од вечерашниот дуел меѓу Јувентус Серава и Осогово, против кого ќе ја брани Куп титулата, а Форца сака двојна титула, откако веќе ја обезбеди титулата во првенството.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јована пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!